Галерија

Археолошко патување низ Македонија преку античките рушевини

Можеби нашата држава е релативно млада, но античкото Македонско кралство постоело на овие територии дури во 808 п.н.е. Дополнително, градот Охрид се смета дека е една од првите рурални населби во Европа.

Денес, на територијата на Македонија се наоѓаат 4 места на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, па Охрид не е единствениот на листата. Еве како нашата држава изгледа низ призмата на античките рушевини – некои средовековни, а некои од далечните времиња на античките Римјани.

Самуилова тврдина

Една од најпопуларните туристички дестинации е Самоиловата тврдина, изградена во 10 век во тогашното Самоилово Царство.

Пред неколку години, археолозите споделија дека откриле нови рушевини од античката градба. Според овие нови откритија, Самоиловата тврдина е изградена врз постара античка тврдина, која датира од 4 век п.н.е. Има теорија дека постарата тврдина е изградена од Филип II.

Стоби

Друга популарна туристичка атракција е античкиот град Стоби, кој датира од Пајонското време. Околината евентуално била освоена од Македонските војски, но дури и денес рушевините ни претставуваат извонреден сет на историски наоѓалишта, меѓу кои и базилики, базен, баптистериум, храм, јавна фонтана и Римски театар. Украсени со прекрасен мермер, елегантни мозаици и прекрасни мурали, рушевините на Стоби се глетка која не треба да се пропушти.

Прочитајте и...  Сè за Божиќниот пост: Постењето во христијанството е многу повеќе од начин на исхрана

Маркови Кули

Марковите кули се внесени на списокот на УНЕСКО во 2004 година. Поради камениот рељеф и природната тврдина, ова место отсекогаш било фаворизирано од локалните и далечните жители сѐ од бронзената доба. Денес од старата палата има само остатоци од камените ѕидови, но археолозите и историчарите имаат докажано дека некогаш тука имало кралска палата, голем број на цркви и приватна гробница покрај многуте градби.

Кокино

Едноставно кажано, Кокино е Македонскиот Стоунхенџ. Во други зборови, Кокино е античка опсерваторија која го преживеала тестот на староста преку три милении. Датирајќи од бронзената доба, ова наоѓалиште некогаш било третирано како мегалитска опсерваторија. Астрономите од тоа време ја користеле за следење на движењето на нашата месечина, како и движењето на сонцето. Неколку камени „тронови“ се издлабени во карпите и некои од нив многу лесно ги обележуваат краткоденицата и долгоденицата кога сонцето е на правото место.

Хераклеа Линкестис

Од сите рушевини во Македонија кои ни даваат поглед на минатото и историјата, Хераклеа Линкестис е најзачуваната. Била богат град во времето на владеењето на Филип II Македонски. Многу археолошки наоѓања зборуваат за просперитетот на градот низ годините – луксузни бањи, базилики, театар и голем број на споменици. Некои од пронајдените артефакти зборуваат за тоа дека тука се одржувале гладијаторски битки сѐ до 4 век п.н.е.

Прочитајте и...  Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици

Скопско кале

Последно, Скопското кале. Ни нуди панорамски поглед врз Скопје преку призмата на старите рушевини помешано со модерната архитектура. Цврстите ѕидови на тврдината сеуште стојат на највисоката точка во центарот на градот, но за жал, внатрешноста е исполнета само со рушевини. Се верува дека датира од 6 век кога Византиската империја владеела со оваа територија. Археолозите имаат најдено тони историски артефакти на околината на калето, вклучувајќи ја и најголемата колекција на Византиски монети откриени на територијата на Македонија.

Најпопуларно


To Top