Галерија

Архитект дизајнирал куќа од контејнери за достава

Животот во контејнер за достава среде пустина можеби не звучи како забавна идеја, меѓутоа, кога ќе ја погледнете креацијата на дизајнерот Џејмс Витакер, ќе размислите уште еднаш.

Куќата направена од контејнери за достава има 200 квадратни метри, а во неа има кујна, дневна соба и три спални. Контејнерите се поставени во различни агли и со тоа создаваат илузија на цвет што цвета во пустина. Куќата била изградена за неименуван филмски продуцент кој негувал страст кон креативни проекти, а како што можете да забележите, не постои нешто покреативно.

Домот наречен „The Joshua Tree Residence“ ќе биде изграден на парцелата на купувачот, а изградбата е закажана за следната година. Откако ќе биде завршена, куќата, која ќе има соларни панели на покривот, ќе нуди прекрасен поглед кон околниот пејзаж од многуте прозорци и од големата дрвена палуба.

Прочитајте и...  Уметничка користи текстилен отпад за креирање прекрасни таписерии со мотиви на океанот (ГАЛЕРИЈА)

Најпопуларно


To Top