Галерија

Архитектура како од бајка: Вистинското значење на шарените куќички во Боливија (ФОТО)

Овие живописни куќи можеби изгледаат како да излегле од бајка, но тие навистина постојат ширум Боливија и го претставуваат економскиот успех.

Познати како „чолети“, овие необични градби со живописни бои и прозори со различни форми и големини прикажуваат неверојатен контраст со соседните домови кои најчесто се мали и изработени од тула.

Концептот го осмислил ѕидарот Фреди Мамани кој народот го нарекува „боливискиот славен архитект“, иако тој никогаш не завршил факултет, а локалното население го обожава бидејќи тој е првиот човек кој во модерната боливиска историја започнал со изградба на структури кои ја слават ајмарската култура на областа.

Ентериерот на овие куќички исто така го красат пространи ходници, уште поживописни од нивната фасада, исполнети со впечатливи потпорни столбови. На приземјето има деловни простории, а на спратовите широки сали, апартмани…

Прочитајте и...  Музеи ги споделуваат најморничавите експонати кои ги имаат во вирален Твитер предизвик

Најпопуларно

To Top