Се фалел со пари, жени и автомобили на Инстаграм, па добил 17 години затвор

22-годишниот дилер Вајат Пасек, кој на социјалните мрежи објавуваше фотографии со многу пари, жени и скапи автомобили е осуден на 17 и пол години затвор.

Вајат Пасек продавал таблети кои самиот ги произведувал во тајна лабораторија. Ги дизајнирал така што изгледале како таблети против болка Oxycontin, а всушност содржеле фентанил , синтетичка дрога што е 80 до 100 пати посилна од морфиумот.

На Инстаграм пред своите 11 илјади следбеници се фалел со разузданиот живот.

Освен фотографиите со скапи автомобили, тој сакал да се покажува и со кеш, па на една фотографија е во када полна со пари.

Дилерот дури напишал и мотивациони пораки.

View this post on Instagram

Big bag, got 'em big mad

A post shared by I AM > I WAS (@yung10x) on

-Започна како сон. Секогаш верувајте во себе, дури и кога никој друг не верува. Ако не верував во себе, веројатно немаше да го имам еден од најголемите подароци на сите времиња: слободата. Слобода од временски ограничувања, од тоа да бидам на едно место и најважно: финансиската слобода. Животот ќе ви го врати она што го вложувате во него. Ако сте просечни, ќе го добиете просекот“, напиша тој во еден пост.

Пасек, кој живеел во луксузен пентхаус во Калифорнија, ја водел лабораторијата со двајца асистенти, произведувајќи илјадници таблети.

Минатиот ноември, тој се изјасни за виновен за трговија со дрога и беше обвинет за перење пари и поседување огнено оружје.

Тој е осуден на 17 и пол години затвор.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.