in

Сестри за првпат во животот прогледуваат благодарение на 15 минутен зафат (ВИДЕО)

Двете сестрички Соња и Анита од Индија уште од раѓање биле слепи. Една едноставна операција која чинела околу 300 долари ќе им го вратела видот многу одамна, но нивните родители заработувале 17 центи на час собирајќи ориз па едвај имале пари за основните животни потреби.

Организацијата 20/20/20 работи за да им помогне на слепите деца од најсиромашните земји во светот да го вратат својот вид. Оваа организација им помогна и на Соња и Анита да ја добијат таа едноставна операција. Кога ги извадија завоите тие за првпат го видоа светот околу нив, а сето тоа е снимено во видео кое ја прикажува приказната на овие две сестри.

Тоа е се што било потребно за овие мали девојчиња да можат да го видат светот – едноставна донација може да направи огромна разлика во нечиј живот.

Прочитајте и...  Две сестри се сретнаа по 78 години потрага, ги разделила војната, ги спои судбината (ВИДЕО)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote