Случувања

Австралиско окритие за чисти води без пластика

Австралискиот град Квинана минатото лето направи нешто што останатите земји од светот пробуваат да го направат со години.

Инсталираа едноставен, но неверојатно ефикасен систем за филтрација во Хенли резерватот за да го спречат пластичниот отпад од влегување во океаните. Сите, вклучително и владата и граѓаните, можеа да ги видат придобивките од овој систем.

Што е тоа?

Цевките што се искористени за првиот експеримент се цевки кои ја носат водата од станбени области во природата. Честопати отпадот и ѓубрето од овие места може да надојде во големи количини и да биде штетно за околината. Понатаму, ѓубрето често се носи од дождот до системите за канализација.

Идејата започнала кога одговорните поставиле две мрежи, а кога ги виделе резултатите биле зачудени. Новиот филтрациски систем успеал да фати повеќе од 400 килограми смет за само неколку недели.

Дали е ова иднината на собирање смет?

Покрај тоа што цената на овие мрежи е прилично голема – околу 10,000 долари една, сепак целиот систем е прилично профитабилен бидејќи ќе заштеди голема сума на пари на долг рок. Затоа, одлучено е овие мрежи да се инсталиираат низ целиот град за да се намали загадувањето на минимум.

Прочитајте и...  Сибирски хирург го користи годишниот одмор да патува по светот и бесплатно да оперира деца

Кога ќе се наполнат, мрежите едноставно може да се земат и да се испразнат во специјални камиони. Потоа сметот се носи во сортирачки центар каде што се дели на предмети што можат и не можат да се рециклираат.

Најпопуларно


To Top