Автобус остана без покрив – Македонец направи сообраќајка во Пловдив

Автобус остана без покрив утрово во Пловдив. Како што информира TrafficNews.bg, инцидентот се случил под мостот на булеварот Марица-Југ.

avtobusat opital se da mine pod mosta 564 670x503

Двајцата возачи, за кои порталот пишува дека биле македонци, за среќа, поминале без повреди. Покривот на автобусот буквално бил однесен. Полицијата излегла на терен. Движењето во областа не е нарушено.

“Инцидентот се случил околу 6:30 до 7:00 наутро. Имаше многу гласна бучава. Очигледно, возачот не ја оцени висината “, изјавил Венко, кој работи во близина и бил сведок на несреќата.

Прочитајте и...  Автобус вози по чаршија во Струга
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.