avtobus4 960x640 209818

Во автобусот на Дурмо турс имаше вградено уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента, изјави на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци еден од возачите, што на денот на несреќата со истиот автобус на Дурмо турс возел на релацијата од Гостивар до Скопје.

Тој кажа дека биле група од тројца возачи на тој автобус и сами воделе и пополнувале тахографска лента и патен налог за секоја релација.

– Не знам кој вградил таков уред. Мене не ми беше потребен и не користев. Знам дека во двата автобуса што ги возев имаше таков уред што се активира со копче на левата страна на воланот, изјави сведокот Џемаил Салии.

Прашан дали можеле да заменат гума или однесат автобус на технички преглед без да знае Ремзи Мифтари, сведокот рече не, појаснувајќи дека за се му кажувале на Ремзи.

Претходно беше сослушан сведок, кој со приватен автомобил возел зад автобусот на Дурмо турс.

Прочитајте и...  Тројца малолетници силувале дете во Скопје

Сведокот кажа дека бил сам во возилото и возел во средната лента позади автобусот и не приметил ништо невообичаено кај автобусот, како чад, истекување или друго нешто.

– Видов како оди по средната лента и добив впечаток како да претекнува. Кога стигнав на крај од кривината видов како веќе автобусот ги имаше пробиено заштитните огради, изјави сведокот.

Посочи дека потоа застанал на десната помошна лента и истрчал да помогне.

На дел од сослушувањето на сведокот, обвинителот побара вкрстено да го испраша поради неконзистентност на неговиот денешен исказ со тој во Обвинителството. Судот го прифати, но настана технички проблем со микрофоните во судницата и јавноста не можеше добро да го следи понатамошниот дел од сослушувањето, кое сепак продолжи. Откако заврши со прашања јавниот обвинител, судот даде пауза од 15 минути, а по паузата повторно се продолжи со вкрстени прашања од одбраната.

На прашање од одбраната, бидејќи претходно кажал дека се движел со брзина од околу 70-75 километри на час, да објасни дали со таа брзина му се доближувал или одалечувал на автобусот, сведокот не можеше точно да каже.

Прочитајте и...  Куче патува само со автобус секој ден до неговиот омилен парк

– Не можам точно да кажам. Јас возев со ококу 75 – 80 километри на час, изјави сведокот, објаснувајќи дека го гледал автобусот во задниот дел, но не може да каже дали го стигал или не.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

На денешното испитување на повредената патничка и по реакциите на јавниот обвинител дека бранителите не би требало да си приговараат едни на други кога поставуваат прашања, дел од адвокатите на обвинетите реагираа дека тие имаат различни одбрани и дека доколку понатака во постапката бидат ослободени, може да се приклучат и на страната на прогонот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари, годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Прочитајте и...  Тинејџер украл автобус во Белград – Застанувал на секоја станица како професионалец
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за