Автомобил излета од пат, повредени две лица

Возач и сопатничка се здобиле со повреди откако излетале од пат со автомобил.

lenta policija 2
lenta policija 2

Несреќата се случила вчера во 17:10 часот на регионалниот пат Богомила-Стари Град пред крстосницата за с.Мартолци.

-Патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(44) од Велес излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Т.Б.(42) и биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Прочитајте и...  АПЕЛ: Голем пожap се пpиближyва кон манacтиpoт на Тоше Пpoecки над Крушево
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде