Видео

Баба Деспина – најстарата личност родена во 1791 која е фатена на камера

Во 1905 година, браќата Јанаки и Милтон Манаки го направиле својот прв филмски кадар во траење од 60 секунди „Баба Деспина“. Во еден кадар од горен ракурс е снимена во Авдела, бабата на Јанаки и на Милтон Манаки, Деспина, како преде. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и на 35мм филм.

Бабата Деспина била родена 1791 година, и во 1905 имала 114 години. Таа е најстарата личност на светот што е снимена на камера.

Овој факт го има привлечено вниманието на корисниците на социјалната мрежа Реддит, па еден од нив решил да го исчисти и обои видеото, со што би се добила појасна снимка.

Оригиналното име на филмот било „Нашата 114 годишна баба ткае“, но пошироко е познат како „Ткајачите“.

Прочитајте и...  Вистинската инспирација за „Македонско девојче“

Најпопуларно


To Top