Случувања

Баба од Босна ја снабдувала Австрија со марихуана: Со ќерката направила дилерска мрежа, ги вклучила и внуците

Семејството е уапсено кога најмладиот син се обидел да продаде дрога на полициски инспектор.

Австриската полиција уапси жена и нејзините двајца синови на старост од 19 и 22 години, поради сомнение дека продавале дрога во Австрија. Се верува дека во целата приказна е вклучена и мајката на уапсената жена, Босанка, која ја одгледувала марихуаната, пишува српски „Телеграф“.

Осомничената, инаку државјанка на Босна и Херцеговина, се терети дека редовно ја посетувала мајка си во татковината и дека оттаму криумчарела десетина килограми марихуана. Додека дрога потоа ја „растурала“ во Линц со синовите, бабата се грижела за да им подготви новина пратка кога потворно ќе стигнат во посета.

За време на приведувањето, полицијата кај осомничената нашла повеќе од 20 килограми канабис, но и три килограми хероин и дрогата наречена спид.

Семејството е уапсено кога најмладиот син се обидел да продаде дрога на полициски инспектор.

Извор: slobodenpecat.mk

Прочитајте и...  89-годишна бабичка сошила 600 маски додека ги слуша Битлси (ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top