Занимливости

Баба отпловила на санта мраз откако седнала да позира за слика

77-годишна баба не пропуштила прилика да се слика на ледена санта во облик на трон покрај брегот, но разбранетото море ѝ ги променило плановите.

Џудит Стренг од Тексас, додека била во Исланд на одмор со синот, решила да се качи на една санта мраз покрај брегот, која била во форма на трон, а нејзиниот син се обидувал да ѝ направи совршена фотка.

Сепак, планот да „биде на тронот“ барем неколку секунди тргнал наопаку, кога ненадејно надошол голем бран, кој заедно со парчињата мраз ја отстранил бабата од брегот.

„Кога седнав, почувствував дека станува нестабилна и видов дека надоаѓа многу голем бран и почнав да се лизгам. Мислев дека е безбедно. Една девојка претходно седна, а потоа две девојки во исто време и изгледаше многу безбедно. Но, јас не тежам многу и веројатно затоа беше полесно да отплови со мене.“ – изјавила бабата.

За среќа, чувар кој бил во близина кога мразот отпловил кон морето, успеал да ја спаси Џудит и да ја врати на копно пред да биде предоцна.

Прочитајте и...  Тажно : Бабичка плаче пред празните полици во супермаркет во Австралија (ФОТО)

Фотките од случката вирално се проширија откако нејзината внука ги објавила на Твитер со пораките кои нејзиниот татко ѝ ги испратил од патувањето:

Најпопуларно


To Top