Статус на Адила Рамичевиќ:

Ова е баба Ружа. Баба Ружа има 89 години и живее сама во трошна куќичка многу многу далеку од центарот на градот. Баба Ружа нема семејство, нема роднини, нема пријатели, нема лична карта, нема здраствено осигурување, нема финансии. Баба Ружа е препуштена сама на себе.

Додека имала сила се трудела да поработи нешто, да испере, да зготви, да исчисти, да ја одгледува својата градина, но годините го прават своето. Баба Ружа е тешко подвижна и тоа и е голем проблем за да може да продолжи да живее сама. Зимата е тешка сама по себе, но најтешка за неа.

Проблем се дрвата кои ги нема и не знае со што би се греела цела зима. Прв пат кога ја запознав бев лута, тажна и среќна. Лута на времето во кое живееме и државата во која живееме каде што се повеќе и повеќе има случаи на кои им е потребна помош.

Прочитајте и...  Од Вардар извадени над 30 гуми за 20 минути

Тажна затоа што баба Ружа е сама и гладна, но среќна затоа што можам и сакам да и помогнам. Баба Ружа вели дека сега најискрените пријатели и се волонтерите и вработените од Црвениот крст кои ја посетуваат и и помагаат. Кога таа ќе се насмее и израдува кога ќе не види, мене ме огрева сонце.

Ова е баба Ружа. Баба Ружа има 89 години и живее сама во трошна куќичка многу многу далеку од центарот на градот. Баба…

Gepostet von Ramicevic Adila am Dienstag, 5. November 2019

Јас денес ја израдував баба Ружа и срцето ми е полно, а што направивте вие?

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за