Руската полиција уврдила дека пензионерка обвинета за неколку убиства, своите жртви ги сечела на парчиња, а место го готвела, а според извештаите од истрагата, таа „специјалитетот“ им го давала на деца да го јадат.

Меѓу жртвите било и 8-годишно девојче, кое го убила бидејќи си играло прегласно и ја мавало со сладолед.

Пензионерката била месарка и вработена во обезбедување, а била уапсена по исчезнување на нејзиниот потстанар, а делови од неговото тело биле најдени во канта за ѓубре.

Полицијата во нејзиниот стан прионашла ножеви и пили со траги од крв на жртвите, по што е покренато обвинение за убситво, а се појавиле и шпекулации дека во фрижидерот чува човечки внатрешни органи. На сослушувањето освен за девојчето, признала и дека ја убила и својата пријателка Нина (80), која неколку пати преспала кај неа, па исчезнала.

Секогаш беше намуртена и непријателски расположена. Често готвеше за децата од соседството и секогаш месо, а еднаш ни донесе и мене и на мојот сопруг. Добро се сеќавам, сопругот ми рече да не јадеме зошто којзнае од што е зготвено, па се испостави дека бил во право, рекла сосетка и додала дека полицијата потврдила дека се работи за човечко месо.

Иако руските медиуми ја нарекоа канибал, не е утврдено дали и таа самата јадела од месото што го готвела.

Прочитајте и...  БЕЗ ХРАНА И ВОДА: Петгодишно девојче 4 дена поминало само во дивина

Таа е вдовица од 2005 година. Сопругот бил водоинсталатер, починал шест месеци пред убиствто на девојчето. Имале три сина, од кои еден починал, а другите двајца живеат во областа Хабаровск.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за