Кујна

Бадемов колач со Аронија

Иако постапката е малку посложена, овој колач е многу сочен и вкусен, и нема да зажалите ако го приготвите. Ќе бидете восхитени од неговата арома!

Потребни состојки:

За тесто:

220 г брашно

50 г мелени бадеми

60 г шеќер во прав

1 жолчка од јајце

150 г путер

За фил:

150 г џем од аронија

80 г путер

100 г шеќер во прав

1 ванилин или лимонов шеќер

4 јајца

100 мл слатка павлака

250 г мелени бадеми

30 ливчиња од бадем за поросување

Начин на приготвување:

За тесто:

1.Во брашното додадете ги мелените бадеми, шеќерот во прав и промешајте.

2.Додаете: жолчка, путер растопен на собна температура, па замесете мазно тесто. Тестото оставете го во фрижидер да се одмори околу 30 минути.

3.Потоа извадете го, оставете го малку на собна температура, а потоа внимателно развлечете го на побрашнета површина со дебелина на кората од 5 мм, со четвороаголен облик.

Прочитајте и...  Видео рецепт за домашни лепиња повкусни и од оние во пекара!

4.Внимателно пренесете го во сад за печење (34х20 см), така да ги обложите и краевите на садот. Тестото избодете го со вилјушка и прекријте го со хартија за печење.

5.Врз хартијата ставете неколку зрна грав, па печете во загреана рерна на 170 °C околу 20 минути. Тестото извадете го од рерна, тргнете го гравот и оставете да излади.

6.Изладеното тесто премачкајте го со џем од аронија.

За фил:

1.Путерот на собна температура и шеќерот измешајте ги додека да добиете кремава смеса.

2.Додадете го лимоновиот шеќер и едно по едно јајце со постојано мешање. Потоа додадете ја павлаката и измешајте ги мелените бадеми.

3.Филот нанесете го врз џемот, поросете со ливчиња од бадем и печете во рерна загреана на 170 степени, околу 30-35 минути, додека да добие златна боја.

Изладениот колач исечете го на коцки, поросете го со шеќер во прав (по желба) и послужете.


Најпопуларно


To Top