Македонија

Бадникова поворка во Кичево го најави раѓањето на Христос

Во организација на МПЦ во Кичево денеска се одржа детска бадникова поворка како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ.

Поворката започна од црквата „Св. Петар и Павле“, а децата учесници се упатија низ улиците на централното градско подрачје, со пеење на песната „Вечниот Бог“, со која се слави рождеството Христово.

Градската поворка заврши на плоштадот во Кичево пред Витлеемската пештера, каде што хорот на ОУ „Владимир Полежиноски“ испеа божиќна песна, а децата беа дарувани со божиќни пакетчиња и подароци.

Прочитајте и...  Номад Кафе Бар: Бесплатно кафе и сокови за сите вработени во Државна болница

Најпопуларно

To Top