Текстови и колумни

Бакни ме, бакни ме како никогаш, планетите нека воздивнат…

ВОЗДИШКИ

Да ги дофатам сите висини
и отскокнам сите падови.
Никогаш да не згазнам на жив леш.

Да ги прифатам сите порази,
а да ги дочекам сите победи.
Да те прегрнам измеѓу воздишки.

Да ги љубам сите светли аури,
но и да им дарам насмевки на сите темни.
За секој да осети љубов и човечност.

Моето срце нека танцува до последната нота.
Нека моето тело се вивне над целиот чад на неморалот, на злобата и на дволичноста.
Нека не ми се валка духот.

Оваа ноќ додека смирено свири fly me to the moon, нека мојот дух се радува.
Нека го сретне твојот за да те прегрне така силно и чисто како никогаш претходно.

Нека се овековечи мигот на чистата љубов.
Нека се излечат сите духовни рани.
Оние на телото нека покажат дека човек може да помине и низ пеколот со насмевка.

Додека ги бројам ѕвездите на некое мало облаче.
Бакни ме…
Бакни ме како никогаш.
Планетите нека воздивнат.

Прочитајте и...  Безвучно исчезнувам од твојот живот (поема)

Јелена Ѓиноска

Најпопуларно

To Top