Случувања

Бараат 100 милиони долари: Наследниците на Мајкл Џексон најавуваат тужба против HBO

Поради документарниот филм “Leaving Neverland”, наследниците на кралот на поп музиката Мајкл Џексон ќе го тужат HBO во износ од 100 милиони долари. Овој филм кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал Sundance откри за наводното злоставување на малолетници од страна на Џексон.

Семејниот адвокат тврди дека Мајкл е невин и дека вработените на HBO не го испитале прописно материјалот врз кој го снимиле овој документарец, дека не ги провериле сите факти, туку само го финансирале и продуцирале филмот во кој се појавуваат две жртви кои претходно пред заклетва им рекле на семејството и полицијата дека помеѓу нив и Џексон не се случило ништо. 

Во филмот кој трае четири часа, фокусот е на обвинението за сексуално насилство врз Вејд Робсон и Џими Сејфчак, кое датира од 80-те години кога имале 7 и 10 години. Тие тврдат дека кралот на поп музиката за секс им давал чоколада, а велат дека пејачот одглумил и венчавка со еден од нив.

И покрај тужбата, од HBO кажале дека сепак ќе продолжат со емитување на овој документарец. Иако семејството тврди дека помеѓу HBO и Мајкл постоеше договор според кој не смеат да го клеветат, од HBO рекле дека тие наводи не се точни.

A still from Leaving Neverland by Dan Reed, an official selection of the Special Events program at the 2019 Sundance Film Festival. Courtesy of Sundance Institute. All photos are copyrighted and may be used by press only for the purpose of news or editorial coverage of Sundance Institute programs. Photos must be accompanied by a credit to the photographer and/or ‘Courtesy of Sundance Institute.’ Unauthorized use, alteration, reproduction or sale of logos and/or photos is strictly prohibited.

“И покрај сите очајнички обиди да не се прикаже филмот, нашите планови остануваат непроменети. Тоа на гледачите ќе им даде можност сами да го проценат филмот и тврдењата во него”, рекле од HBO.

Прочитајте и...  Кејти Пери „како од мајка родена“: Славната пејачка целосно гола во новиот спот

Најпопуларно


To Top