Бебе изело џоинт, не можеле да го разбудат

Бебе старо само година и половина, завршило во болница во Милано, откако докторите по детална анализа утврдиле дека во крвта на бебето има канабис.

Според италијанските медиуми таткото на бебето е од Египет, а мајката е Србинка.

Родителите во неделата се обиделе да го разбудат бебето, кое запспало, но бидејќи не реагирало, тие веднаш повикале брза помош.

За време на истрагата утврдено е дека кај нив на гости дошол вујкото на бебето, брат на мајката од Србија, а со него имал и марихуана која ја козумирал како џоинт.

Полицијата претопставува дека детето во момент на невнимание зело мало количество и го проголтало, па затоа не покренале истрага ниту пак постапка против родителите, додека вујкото ќе ги сноси последиците за незаконско поседување марихуана.

Од болницата велат дека бебето е добро, но за секој случај ќе остане во болница уште неколку дена.

Прочитајте и...  ХУНЗИ - Најздрав народ на светот: Тврдат дека се потомци на Александар Македонски, живеат по 120 години
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за