Македонија

Бебе заразено со корона вирус во Македонија

Бебе на возраст од неколку месеци е заразено со коронавирус, потврдија за „Слободен печат“, високи извори од Министерството за здравство.

И во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје каде секојдневно се соопштува возраста на заболените, денеска се наведува дека таа се движи од 0 до 91 година.

Претходно најмладиот пациент со Ковид 19 имаше две години.

Министерот за здравство Венко Филипче, на една од претходните прес конференции запрашан за тоа како коронавирусот ги афектира новороденчињата, рече дека во научните студии досега не е пронајден случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајката на бебето.

Прочитајте и...  Се намалува бројот на заразени од КОВИД-19: Дијагностицирани 7 лица, оздравени 47 во последните 24 часа

Најпопуларно

To Top