Занимливости

Бебињата не треба да ги бакнува никој освен мајката: Еве зошто- педијатрите предупредуваат!

Имунолошкиот систем на малите бебиња не е развиен, па така е подложен на инфекции доколку ги бакнува некој друг освен нивната мајка.

Веројатно ви се случило да отидете на некој настан со вашето бебе. Таму сите се собираат околу него, го прегнуваат и бакнуваат по лицето и рачињата кои тоа после ги става во уста. На дискретен начин пробувате да им кажете дека тоа не ви се допаѓа, но изгледа не вреди.

Затоа вам ви преостанува директно да ги предупредите на нивното однесување, бидејќи имунолошкиот систем на вашето бебе сеуште не е доволно развиен, па така би можеле да му пренесат различни инфекции, а на крај вие ќе се сносите со последиците.

Педијатарот Ружа Бајиќ вели дека малите бебиња не треба да се бакнуваат во никој случај, па дури ни на нозете, а ако сакате да ги држите во раце, задолжително пред тоа добро да ги измиете.

Прочитајте и...  Животинско царство: Нежни моменти на родителство

„Бебето не треба да го бакнува никој освен неговата мајка. Единствено таа е во допир со неговата кожа секојдневно.“- вели Ружа и додава:

„Секој од нас на устата има бактерии, а плунката содржи дури и до 500 различни врсти кои на бебешкиот неразвиен имунолошки систем можат да му направат компликации. Најобичното лабело или пудра на лицето од бебето можат да предизвикаат црвенило или осип, зошто бебето може е алергично на некоја од нивните компоненти. Никако немојте бебињата да ги допирате по лицето и рацете, зошто тие им се цело време во уста и грижете се нивните рачиња секогаш да се чисти.“- вели Ружа.

Најпопуларно


To Top