Концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг и уште многу други културни содржини се дел од 15. јубилејна „Бела ноќ“ во Скопје што ќе се одржи денеска.

На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите што се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат различна културно-уметничка содржина. Веќе 15 години фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот што одговара на урбаната заедница која се поистоветува со својот град.

Како дел од годинашната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“, кој ќе почне во 20:00 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден грандиозен фестивал на кој се родиле голем број музички имиња што оставиле огромни хитови, кои сè уште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од „Скопскиот фестивал“ со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и „Ај кју“.

Прочитајте и...  Сончево и топло преку ден, северен ветер во текот на ноќта

Победниците на натпреварот во видеомапинг на „Скопје лајт арт дистрикт 2019“, Французите Џереми Ури и Милош Лисински, својата визуелна уметност ќе ја отсликаат на фасадата на катната гаража „26 Јули“.

Во Младинскиот културен центар (МКЦ), како дел од 9-тото издание на фестивалот „НЕкултура“, посетителите ќе се забавуваат со прочуеното британско електронско дуо „Параноид Лондон“, но и со домашните „Плутос даут“, „Сетстат“, „Барум барум“ и останатите артисти и диџеи кои ќе бидат дел од фестивалот.

Во МНТ од 22 часот ќе има премиера на претствата „Круг“, адаптирана според антологиското дело на Артур Шницлер (Reigen), а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ја отвора вечната тема – потрагата за љубов, наспроти потребата за секс. Во главните улоги ќе ги видиме македонската актерка Дејана Попоска, која живее и работи во Париз, и италијанскиот актер Јакопо Гaрфањоли. Претставата е забранета за помлади од 18 години, а ќе се одигра на англиски јазик со превод на македонски.

Прочитајте и...  НаТочак: Дали надлежните би пешачеле или возеле точак на асфалт од 59 степени?

Националната опера и балет ќе одбележи свој јубилеј, 70 години постоење со делата „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и многу други изложби, настани, претстави, концертни настапи во живо. Публиката ќе може да ги посети Културно-информативниот центар – Скопје, Театар Комедија, Музејот на македонската борба, Галерија 8 во Старата чаршија, паркот „Ибни Пајко“, Мала станица, Градското кино „Милениум“ и Музејот на современа уметност.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за