in

Белгија: Министерка забрани групен секс за време на корона

На македонските портали се шири лажна вест дека белгиската министерка за здравство наводно забранила сексуални активности кои вклучуваат повеќе од 2 лица, се работи за сатирична вест која ја пренесуваме во целост:

„Белгиската министерка за здравство, Меги Де Блок стави забрана на сите сексуални активности на три или повеќе лица во затворени простории.

Министерката за здравство денес изјави дека, започнувајќи веднаш, сексуални активности на три или повеќе луѓе кои “не се од есенцијално” значење се забранети во Белгија како дел од борбата против ширењето на корона вирусот.

Де Блок изјави дека била принудена да реагира брзо поради репутацијата на Белгија како земја каде се пие многу пиво и е главно место за групен секс во Европа“

Информацијата е од сатиричен сајт, со што се става во фокус дека не треба да се верува на се, и дека треба да се проверуваат информациите, посебно во денови кога се шират многу информации поврзани со корона вирусот 🙂

Прочитајте и...  Видeo на вeкoт: Гpчки бeнд од Атина извeдyва мaкeдoнcки нapoдни пecни

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote