Шоу бизнис

Берни Еклстоун ќе стане татко по четврти пат на 89 години!

Милијардерот Берни Еклстон (89) ќе стане татко по четврти пат. Неговата сопруга Фабијана Флоси (44) е бремена, пренесува „Дејли мејл“. Првиот син на парот треба да се роди во јули.

Двојката ја потврди веста за германските медиуми.

„Како родители, имаме само една желба – нашето бебе да се роди здраво“, рекле тие. Еклстон е татко на три деца и има пет внуци.

Берни во моментов е на неговиот имот во Бразил, каде е изолиран од коронавирусот.

Берни од првиот брак со Ајви Бамфорд има ќерка Дебора (65). Тој беше оженет со Хрватката Славица Еклстон (61) од 1985 до 2009 година. Со неа ги има ќерките Тамара (35) и Петра (31). Три години откако се развел од Славица, се ожени со Фабијана.

Берни и Фабијана се познавале со години пред да почнат да се забавуваат, но тогаш нивниот однос бил чисто професионален. Дури по разводот на Берни, тие ја започнале својата романса откако се нашле на истото крстосување во Хрватска.

Прочитајте и...  Не можете ни да претпоставите: Колку пари заработи Мараја Кери од најголемиот божиќен хит?

Најпопуларно


To Top