in

Бескрајни полиња со ориз, илјадници храмови и танцување: Запознајте го Бали – Островот на боговите (ГАЛЕРИЈА)

Зачекорете на островот на боговите, гледајте го балискиот танц и запознајте ги мајмуните-крадци.

Сместен меѓу Јава на запад и Ломбок на исток, Бали е најзападниот тропски остров од Малите Синдски Острови. Провинцијата Бали опфаќа и неколку соседни острови. Главен град на Бали е Денпасар – најнаселениот град на Малите Синдски Острови и втор по големина во Источна Индонезија.

Магичниот Бали е главна туристичка дестинација во Индонезија, со константен раст на туризмот од 1980-тите. Туризмот опфаќа 80% од неговата економија.

Островот е богат со риба, ориз, кокосови палми, банани, ананас, какао, кафе, памук и тутун, па тоа е и стоката која се извезува.

Бали се карактеризира со топла екваторска клима и температурата никогаш не е под 23 степени и над 37 степени во текот на целата година, поради што туристичката сезона трае во текот на целата година.

ОСТРОВ НА БОГОВИТЕ

Иако припаѓа на претежно муслиманска држава Индонезија, островот Бали има силна хиндуистичка традиција. Од 4,2 милиони жители, повеќе од 85% припаѓаат на локалната варијанта на хиндуизмот. Ова е причината зошто има толку многу хинду-храмови на островот, дури 10.000 се посветени на различните божества на копно и море. Така Бали го доби својот прекар – „Остров на боговите“!

БАЛИСКИ ТАНЦ

Балискиот танц претставува еден од традиционалните танци на Индонезија. Секој е приказна за себе и многу се изразени движењата со прстите, рацете, главата и очите.

Image result for bali dance

МАЈМУНИ-КРАДЦИ

Жителите на Бали често доживуваат кражба од мајмуни, но во светата шума на мајмуните (Mandala Wisata Wenara Wana), тие се чесни и грижливи, бидејќи локалните жители веруваат дека тие се дел од духовниот живот на храмовите, односно манифестација на хинду-богови. Покрај земјоделските култури, мајмуните сакаат да им ги крадат торбите на туристите.

Прочитајте и...  ГАЛЕРИЈА: 30 најубави места за посета во Македонија
Image result for bali monkey

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote