Случувања

Бев на час по англиски, одговара стара госпоѓа затечена на улица во време на полициски час

Со денови во Србија се во сила вонредните мерки кои подразбираат потполна забрана на движење на лицата постари од 65 години. Но, правилата се прекршуват. Лица над 65 години, кои се најчувствителни на коронаирусот овие денови се забележани на улиците низ Србија.

На социјалните мрежи се појави видео на една постара госпоѓа која била затекната на улица во Белград, а поради нејзиниот одговор на прашањето зошто е надовор, снимката стана вирална.

Бев на час по англиски, кај една пријателка, вели госпоѓата на прашањето зошто е надвор во ова време.

Полицискиот час во Србија за време на викенд е од 15 до пет наутро, а во работните денови од 17 до пет.

Прочитајте и...  Бил Клинтон по 22 години ја откри причината за аферата со Моника Левински (ВИДЕО)

Најпопуларно

To Top