Животни приказни

“Бев скршена кога дознав дека моето дете има Даунов синдром, но сега напишав рецензија дека дополнителните хромозоми се неверојатни – екстра слатко и извонредно бебе”

Американката Џесика Еган (31) од Солт Лејк Сити, Јута и нејзиниот сопруг биле воодушевени кога дознале дека е бремена после години со неуспешни обиди. Меѓутоа, после 11-та недела од бременоста, крвната анализа покажа дека бебето е позитивно на трисомија 21 или Даунов синдром, генетско пореметување на хромозомите кои предизвикуваат застој во развојот.

engxsdfsxk bev skrsena koga doznav deka moeto dete ima daunov sindrom no sega napisav recenzija deka dopolnitelnite hromozi se neverojatni ekstra slatko i izvonredno bebe

“Во тој момент се почувствував скршено”, рекла Џесика. Идната мајка слушнала од 6 колеги како среќно ја објавуваат бременоста, а тројца откриле дека ќе добијат близнаци. Но, кога дошло време Џесика да ја сподели веста се загрижила дека нема да ја добие радосната реакција. 

66cdmymawd bev skrsena koga doznav deka moeto dete ima daunov sindrom no sega napisav recenzija deka dopolnitelnite hromozi se neverojatni ekstra slatko i izvonredno bebe

“Сè за кое што размислував кога ја добив дијагнозата беше дека моето дете нема да биде прифатено и сакано како другите. Од три пара близнаци до Даунов синдром? Следните три дена ги поминав дома плачејќи, плашејќи се да ги кажам радосните вести”, рекла Џесика за Мама Миа.

Прочитајте и...  Стоматологот кој патува низ светот и им ја враќа насмевката на сиромашните луѓе

После дијагнозата Џесика и нејзиниот сопруг се едуцирале за Дауновиот синдром и дознале дека околу 5.300 бебиња со тоа пореметување се раѓаат секоја година во САД.

fnvbnqag55 bev skrsena koga doznav deka moeto dete ima daunov sindrom no sega napisav recenzija deka dopolnitelnite hromozi se neverojatni ekstra slatko i izvonredno bebe

“Почнавме да сфаќаме дека не треба да се плашиме од Дауновиот синдром, а кога се роди нашето бебе Гвендолин, имавме само љубов за неа”, рекла Џесика.

Минатиот месец, во чест на два месеци од нејзиното раѓање, гордата мајка напишала што научила во текот на изминатата година.

“Кога го “порачував” бебето реков: Регуларна количина хромозоми, ве молам! Тоа е она што сите други го добија и што јас го сакав. Но, набрзо ме повикаа и ми рекоа дека мојата порачка е во производство и ми рекоа: Одлични вести, ја унапредивме вашата порачка со дополнителни хромозоми бесплатно! Ќе добиете дополните хромозоми со порачката за девет месеци”, сликовито објасни мајката.

“Што? Бев лута. Сите останати порачки кои ги видов по пат на совршените Инстаграм објави немаа дополнителни хромозоми. Но, сфатив дека примањето на мојата порачка со дополнителни хромозоми е подобро отколку воопшто да не ја добиев порачката, па одлучив да го чекам ова изненадување да пристигне”, вели Џесика и продолжува да зборува колку многу ја сака својата ќерка.

Прочитајте и...  Потресувачка исповед на принцезата Дијана: Во четвртиот месец од бременоста се фрлив по скали

When I placed my order I said, “Regular amount of chromosomes, please!” That’s what everyone else got and what I wanted…

Gepostet von Jessica Young Egan am Sonntag, 24. Februar 2019

“Сега, кога веќе два месеци ја имам мојата порачка, ја пишувам оваа рецензија за другите да знаат дека дополнителните хромозоми се неверојатни. Доколку ви се нудат, земете ги. Објавив неколку фотографии од производот за да можете да видите колку е вреден – екстра слатко, посебно и извонредно!”, рекла Џесика во објавата која стана вирална со 346.000 реакции, 29.000 коментари и 74.000 споделувања.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top