Македонија

Библиобус – Скопје доби подвижна библиотека

Скопје доби библиобус – одлична идеја која навистина е за поздрав! Возилото кое го набави Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со помош од Град Скопје, е претворено во библиотека која е опремена со книги наменети за ученици.

Целта на оваа прекрасна идеја е да го промовира читањето и да го олесни пристапот до книгите, особено во приградските населби кои се одалечени од градските библиотеки.
Библиобусот ќе работи пет дена во неделата и ќе посетува 19 училишта по претходно утврден план.

Ако во вашата населба го видите ова возило, знајте дека можете да позајмите книги бесплатно! 

Извор: Читателка

Прочитајте и...  БУРА ОД ЕМОЦИИ: „Нешто ќе те питам бабо“ и спот кој ги наежи Македонците (ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top