Бијонсе ја сподели диетата од 22 дена, нутриционистите лути

Бијонсе неодамна објави видео на својот Јутјуб канал, коe има речиси два милиони прегледи, а во коe открива како успеала да ја врати формата за настапот на „Коачела“ во 2018 година и да го облече костимот на „Wonder Woman“ за потребите на мини-концертот.

Видеото почнува со тоа како пејачката застанува на вага и таа покажува дека има 79 килограми. Пејачката е висока 169 сантиметри, што значи дека за три месеци морала да симне 10+ килограми, за да се врати во форма.

„Ова е ноќна мора на секоја жена. Ме чека долг пат. Повторно сум на сцената откако ги родив близнаците. Бев жена која се чувствуваше како моето тело да не е мое“, вели пејачката во документарецот.

И тука не се работи само за килограмите како бројки, туку и за нејзината подвижност.

Од видеото се дознава дека таа го следела нутриционистичкиот план од 22 дена на Марко Боргес, за што има и книга. Таа го следела планот два пати по 22 дена, а исхраната се темели на вегански режим.

Тоа значи дека планот за тој период вклучува исхрана која стопроцентно се темели на растителна исхрана или како што Бијонсе објаснува: „Без леб, без јагленихидрати, без шеќери, без млечни производи, без месо, без риба, без алкохол… и гладна сум“.

Да не е така, би било нереално. Иако не дознаваме колку килограми успеала да намали за 44 дена, сепак се гледа дека е задоволна од крајниот резултат.

Но, не сите се задоволни од нејзината диета. Иако под видеото има коментари за поддршка „Ако Бијонсе може да го јаде ова, можеме сите!“, дури и коментари со воодушевување (Неверојатна инспирација си!“), сепак постојат и такви, пред сè  од стручни лица, кои сметаат дека ова е класично изгладнување со кое можеби ги губите килограмите, но и здравјето.

„Ова е навистина разочарувачки. Под еден, оваа диета е мошне рестриктивна; се елиминираат поголемиот дел од намирниците кои ни се препорачуваат, а нема објаснување за алтернативите кои би можело да се понудат. На пример, тие што ги отстрануваат млечните производи, треба да ги заменат за хранливи супстанци кои можат да се најдат во млечната храна – како калциум, јод, Б-комплекс витамини – истите хранливи супстанци од друга храна, како што е растително млеко збогатено со витамини, јаткасти плодови и семки, леќа и мешунки – секој ден. Тие кои го следат овој препорачан режим од Бијонсе ризикуваат да станат анемични, да имаат недостаток на енергија“, смета нутриционистката Шарлот Стирлинг, додавајќи дека чувството на глад не смее да се игнорира, бидејќи тоа е еден од начините на кои телото нè предупредува.

Со ова се согласува и блогерката Келти О’Конор. Таа ја држела „лудата диета на Бијонсе“, како што ќе ја нарече во влогот, само три дена и ослабела нешто помалку од два килограми. Нејзиниот краен заклучок е дека за време на диетата сте постојано гладни и немате енергија.

„Сепак, имајќи предвид дека таа шест часа дневно вежба кореографии и се храни вака, ова до некаде го сфаќам и како мотивација дека ако сакате да постигнете цел – можете, само треба да бидете истрајни и упорни. Сепак, не би ја препорачала диетата, ниту пак би повикала некој да ја држи“, вели блогерката.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.