in ,

Бил Клинтон по 22 години ја откри причината за аферата со Моника Левински (ВИДЕО)

Некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, вели дека неговата сексуална афера со Моника Левински претставувала начин да се избори со стресот и анксиозноста.

Бил Клинтон во документарецот „Хилари“ изнесе нови детали за секс скандалот, кој во деведесеттите години од минатиот век ја тресеше Америка.

Клинтон објасни дека аферата, која речиси ја уништи неговата кариера, претставувала начин да се избори со анксиозноста и притисокот, кој го чувствувал при водењето на државата.

Како што вели самиот, Бил Клинтон се чувствувал како боксер кој одриграл 30 рунди, па, додава, романсата со тогаш 22-годишната Моника Левински за него во тој момент била начин да се опушти на кратко.

Клинтон призна дека во прв момент ја лажел сопругата Хилари и ја негирал аферата со Левински, меѓутоа, вели и дека било доста логично оти тој лаже.

– Седев на креветот и разговарав со неа. И кажав што точно се случи. Реков дека се чувствувам ужасно поради тоа – открива Клинтон.

Прочитајте и...  Прва фотка од четвртото дете на Рики Мартин и неговиот сопруг

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote