Бизарен обичај: Како жените од племето Дани жалат за мртвите?

Смртта на сакана личност генреално создава чувство на емоционална празнина, но жените од ова племе буквално губат дел од себе.

kako zale zene naroda dani aps 665812930

Племето Дани живее во брдата на Западна Папуа, Нова Гвинеја. На жените од ова племе по смртта на член од семејството им се отсекуваат горните делови на прстите пред да одат на нивниот погреб. За да ја покажат својата тага, тие исто така тријат пепел и глина на нивните лица.

3A7803D400000578 0 image a 13 1479378820759

Пред ампутацијата, цврсто се затегнува конец околу горната половина на прстите и така стои 30 минути за да се вкочанат прстите со што ќе се олесни болката. Сечењето најчесто го прави член на семејство, а потоа раната се гори за да се запре крварењето.

files 2

Овој вид ампутација се изведува за симболично прикажување на духовната болка по загубата на некој близок. Со оглед дека оваа практика во еден момент ја изгуби контролата, таа била забранета некое време, а денес се поретко се применува. На овој начин во денешно време својата тага ја покажуваат постарите жени.

Papua Dani 7

Во различни племиња на овој народ ампутацијата се изведува на различни начини. Во некои делови на Нова Гвинеја, прстите на жената се сечат исклучиво од мајката, таткото, братот или сестрата, а можеби најбизарниот метод е оној во кој мајка го одгризува малиот прст на своето бебе. Експертите веруваат дека овој метод можеби потекнува од време кога новороденчињата често умирале при раѓање, па мајките повикувале на среќа и долговечност за своето новороденче затоа што без малото прсте детето се разликувало од другите деца.

Сепак, се уште не е утврдено кога и како се родил овој обичај тагата да се изразува преку ампутација.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.