Галерија

Бизарен вегетаријански фестивал: Со самоповредување до духовно прочистување

Во Тајланд секоја година во октомври се одржува фестивал на кој вегетеријанството се слави на невообичаен начин, а духовните чинови на прочистување се постигнуваат преку разни акти на самоповредување.

festival 01 390492874

За време на фестивалот кој започнува во првата вечер на деветтиот лунарен месец и трае девет дена, верските следбеници се сечат со мечеви, вметнуваат остри предмети во образите и прават други болни акти за да се прочистат и исчистат заедницата од гревови.

festival 02 383659212

Фестивалот го слави вегетаријанството и ги повикува приврзаниците преку дела на самостојно повредување да се прочистат ( одење на топол јаглен, дупчење на делови од телото ).

festival 03 713012060

Целта е духовно прочистување, а фестивалот го слави верувањето на кинеската заедница дека воздржувањето од месо како и другите ритуали помагаат во зачувување на здравјето и душевниот мир, но и дека тоа им носи среќа на оние кои ги почитуваат верските обреди. Традицијата започнала уште во 1825 година кога кинеска патувачка оперска група пристигнала на островот да настапува, но сите членови се разболеле.

festival 04 277544699

Сите се префрлиле на вегетеријанска исхрана и наскоро болеста исчезнала. Мажите и жените ги дупчат образите со ножеви, игли и други предмети. Тие веруваат дека боговите ги штитат од повреди, така што пролевањето на крв може да им пречи само на оние со послаб стомак.

Прочитајте и...  18 инспиративни фотографии од двојки кои решиле заедно да ги променат навиките
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top