Галерија

БИЗАРНО: Сладолед од морско прасе се продава во Еквадор, приказната за една мајка која стана претприемач

Сладолед со вкус на морско прасе започна да се продава во Еквадор – наводно има „ист вкус како пилешко“.

María del Carmen Pilapaña продава корнети од сладоледот за 1 долар од топка од нејзиниот штанд покрај автопат.

Животното, кое кај локалното население е познато како Куј е дел од традиционалната исхрана во некои земји во Латинска Америка, како Колумбија, Перу и Боливија.

Во Еквадор, морските прасиња главно се готват со сол и со некој зеленчук, како компири.

Но Мариа го носи деликатесот на ново ниво – ги служи животинчињата како ладен десерт.

Го креирала вкусот кога готвела и приготвувала паштета од месо на морско прасе, пишува New York Post.

„Моето семејство и сопруг мислеа дека сум луда. Не веруваа дека некој ќе ги сака овие сладоледи, но тие станаа нашиот најпродаван производ“

Тогаш таа додава млеко или крем пред да ја замрзне смесата.

Прочитајте и...  Децата се огледало на родителите

Бизнисот на Мариа се состои од две маси на отворен простор, помеѓу ординации на забари и други бизниси. Секоја недела, таа приготвува 150 сервирања од сладоледот.

Исто така произведува и околу 40 сервирања на сладолед од бубачки, кои традиционално се јадат како солени грицки.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top