Забава

Бизнисмен ја подарил својата куќа за да од неа направат засолниште за животни

Едно засолниште за животни многу се разликува од останатите во Србија. Не поради бројот на жители, кој на жалост ги има многу во ова туку поради тоа што пред неколку години ова засолниште било куќа на еден бизнисмен кој долги години работи и живее во Монако.

Тој како долгогодишен и докажан љубител на животни ја отстапил својата куќа со целиот двор на здружението за заштита на животни „Спаске“ од Краљево, а тие ја претвориле во засолниште за животни. Веќе неколку години наназад во него се собираат напуштените животни од Краљево и околината, а добродушниот човек и понатаму им помага!

-Тој е навистина душа од човек! Да не беше тој ние немаше да направиме ништо. Ни ја даде својата куќа во која сместивме незгрижени животни- потврдила Даниела од здружението „Спаске“.

Таа додала и дека овој феноменален човек во една посета на Србија ги платил сите прегледи на Спаске, куче чие име го носи и здружението.

Прочитајте и...  Зошто децата родени во декември се посебни

-Години на назад пружува неопходна помош и нега напуштените, болни и злоставувани животни. Во неговата хумана мисија се спасени голем број на кучиња- додала Даниела.

Тој не им помага само на кучињата од Краљево, дава помош и на неколку други засолништа. Во едно засолниште лично ја однел својата донација во вид на храна за кучиња, се запознал со ситуацијата на теренот и разговарал со надлежните за понатамошни акции.

Прекрасен човеку, ти симнуваме капа!

Најпопуларно


To Top