Стапалата се наше „превозно средство“, а пред сѐ, мора да го поднесуваат сиот товар на нашата тежина која секогаш не е идеална. Не е ни чудо што понекогаш протестираат!

По долга прошетка, планинарање или исрпувачки шопинг чувствувате непријатна болка во стапалата, можеби дури и грчеви.

Еве како можете брзо и едноставно да им помогнете на своите стапала.

1. Вежба за јакнење на стапалата

Тоа е можеби последната работа која ви е на ум во моментот додека стапалта ви пулсираат од болки, но јакнењето на вашите стапала е, всушност, еден од најдобрите начини за ублажување на болката. Еден од наједноставнните начини тоа да го направите е одењето. Искористите педометарот во вашите „паметен“ телефон и секој ден мерете колку чекори сте направиле.

2. Сода бикарбона

Сода бикарбоната ја користат во домаќинството за различни цели, но дали сте знаеле дека помага кај ублажувањето на болките и отекувањето во вашите стапала? Причината лежи во тоа што сода бикарбоната има противвоспалителни и смирувачки својства кои можат да ги ублажат болките и воспалението во стапалата.
Наполнете голем сад со врела вода и во неа растопете половина шолја сода бикарбона. Оставете правот сосема да се растопи, пред да ги потопите стапалата во водата. Останете така 15-20 минути, ќе почувствувате големо олеснување.

Прочитајте и...  За здрав имунитет во текот на зимата, практикувајте го овој режим 2 недели, препорачува истакнат руски лекар

3. Горчлива сол

Горчливата сол е богата со магнезиум кој не само што има противвоспалителен ефект туку исто така, помага и во ублажувањето на болките. Третманот со горчливата сол можете без страв да го употребувате за отстранување на болките во нозете и стапалата.

4. Мразот помага

Чувството на студено кое го пружа мразот, исто така, може да пружи големо олеснување. Обвиткајте неколку коцки мраз во чиста крпа и нанесте на болната нога или стапало. Веднаш ќе почувствувате олеснување, а мразот може да го ублажи и отокот доколку се појавил.
Болките во стапалата се многу непријатна појава, дури може и да ја ограничат вашата мобилност, движење, поради што ваквите брзи методи може да ви бидат од корист и да им пружат олеснување на вашите изморени нозе.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за