Српската пејачка Неда Украден ја промовираше новата песна „Бомба“. Облечена во кожни панталони и јакна, таа во спотот вози мотор, а фановите ѝ порачаа дека никогаш не била посекси.

„Им пркосиш на годините, не е реално колку добро изгледаш“, „Оган си жено, гориш“, се дел од коментарите на „Јутјуб“.
Песната „Бомба“ Неда ја направи со нејзините долгогодишни соработници Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, а режисер на спотот е Дарио Радусин.
-Иако насловот на песната е бомбастичен, темата е љубовна, зборува за неверството и како да го преболите, рече пејачката за српските медиуми.