Текстови и колумни

Борба, но за што? – Колумна

Дали за живот без борба, каде си живеел колку да преживеал. Без мерак станал/легнал, бидејќи мораш, само единствено тоа “мораш” те измачува постојано како некој црв кој ти лазел во стомакот. 

Каде надежта и среќата одамна скршнаа од патот. Насмевките се изгубени и заменети со солзи во очите на луѓето, скршени од тага, мака. Секој човек на свој начин…

Работиш, пред се ако имаш среќа да си се вработел за некои мизерни плати. Слушаше како тропа по некоја железна пара во џебот како силен такт кој те удира во срцето. Добро прашање е ако остана од разните давачки, купување храна, лекови за месецов. За луксузи да нема збор, тие веќе одамна се минато.

Тогаш, се прашувам зошто му е потребно оваа борба на човекот? За да живеел и се снаоѓал сам во хаосот, како да си загубен некаде во пустината и не знаеш од каде да си почнал по патот. Од која страна /насока да одиш, притоа да не си погрешил, туку тоа да биде вистинскиот пат. Ах, тие грешки ќе не пратат како сенки додека постоевме, никако да почнале да се поправат, барем од некаде. 

Прочитајте и...  Инспиративен текст: "Ти заслужуваш..."

Дали да се бореше за луѓето што гледаат да те згазат како мравка, уништат до болка и повредат како ранета срна. Не знаејќи дека и ти си иста таква една малечка срна. Да не заборавеше каде се дволичноста, алчноста, омразата. Користољубието во смисла аха,им одговара да се дружат додека си им од корист. Потоа пу пу готово, завршена работа, не се важи тоа до вчера што било. Не си ми потребен и не те познава кој си. Како и ред други негативни работи…

Затоа,од сега воведов нова мерка – борете се пријатели за смртта. Можеби тоа ќе ни биде лек за спасот, еден ден кога заминете таму горе на небото. Да се најдат, видат и ги исправат грешките од минатото, кои не ги признаваат никогаш порано. Ќе се дружат барем повеќе и од поинаков агол ќе гледаат на работите, да се надеваме, сепак тоа ни остана.

Се гледаме во рајот пријатели, ви посакувам среќен пат до таму.

Прочитајте и...  Секој од нас е херој на сопствениот живот

Малечка


Малечка е нашиот најнов дописник и објавуван автор и таа за себе вели дека е таа што е. Вечен борец за правда. А, нејзиното мото гласи – „Секогаш да и погледнеме на вистината во очи.“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top