Македонија

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

Помина скоро една година откако Македонецот Борче Ристевски (55) во Мелбурн призна дека ја уби сопругата Карен (47) на 29 јуни 2016 година, на оддалеченост од околу 50 километри од националниот парк кај Маунт Маседон во северен Мелбурн, каде што нејзините останки биле пронајдени осум месеци подоцна, во февруари 2017 година. 

Нивната ќерка Сара Ристевски, во интервју во телевизиската емисија „60 минути“ вели дека нејзиниот татко жали за сѐ што се случило и дека го сака, исто како што ќе го сака кога тој ќе излезе од затвор. 

-Ја гледам болката. Не сакам луѓето да велат дека мојот татко не ја сакаше мајка ми или дека не се грижеше. Луѓето не ја гледаат болката што јас ја гледам кога одам да го посетам. Тој многу жали за сѐ што се случи. Таа му недостига секој ден, кажа Сара, одбивајќи да даде конкретен одговор на прашањето за што точно жали Борче Ристевски. 

Прочитајте и...  Полициски час во пет струшки села, не се почитуваат мерките за корона вирусот

Таа и натаму останува покрај татка си. На крајот на краиштата, тој ми е татко и единствен преостанат родител. Веројатно, понекогаш ми е тешко да прифатам дека тој е виновен. Но мислам дека доколку јас се најдев во оваа ситуација, тој ќе беше на моја страна. Го сакам татка си сега, го сакав претходно и ќе го сакам и по 11 години кога ќе се врати дома, категорична е ќерката на Борче Ристевски. 

Ристевски првично беше осуден на девет години затвор, за казната потоа да биде продолжена на 13 години со одлуката на Апелациониот суд во австралиската сојузна држава Викторија, врз основа на поднесената жалба од страна на Обвинителството. Aвстралиските медиуми откриваат и дека за ова интервју Ристевска добила 250 илјади доалри.

Извор: sitel.com.mk

Најпопуларно

To Top