Македонија

Брашно и масло е секојдневен оброк на 7-месечниот Амин

Брашно и масло. Ова е секојдневниот оброк на 7-месечниот Амин, иако лекарите му забраниле таков вид храна, бидејќи е штетна за неговото здравје. Сами во една соба, мајката Севдие Селмани и малиот Амин од скопската населба Визбегово, живеат под кирија.

i jas sum tuka 696x420

-Поголемиот дел од времето со Амин го поминуваме плачејќи, отколку смеејќи се. Тој постојано бара да јаде, но немам што да му дадам. Го дојам, но за да го доиш треба да јадеш. Во повеќето случаи загорувам брашно и масло и му давам. Лекарката ми вели дека тоа му го нарушува здравјето, но што да правам. Мора така. 7 месеци помина плачејќи-рече Севдие.

Нејзиниот сопруг ги напуштил и заминал да живее надвор од земјата.

-Јас пораснав како сираче. Без татко бев сама 14 години. Ист живот има и малиот. Ист случај. Многу ми е жал за него. Јас уште како дете сум живеела под кирија, а сега и тој под кирија. Сѐ е лошо-рече Севдие.

Прочитајте и...  Нови шест лица заразени со новиот корона вирус во Македонија

Покрај сиромаштијата, Севдие и Амин се и болни. Мајката има висок притисок и вели дека честопати се случува да се онесвести, а пак малиот Амин треба да прави две операции.

-Освен бронхитис има и брух, а проблем има и со гениталниот орган. Лекарите ми рекоа дека откако ќе наполни 6 месеци треба да му се направат две операции-изјави Севдие.

Севдие веќе два месеци не ја платила киријата, а ниту сметките за вода и струја. Мајката и синот имаат потреба од храна, облека и да имаат сопствена соба. Испраќаат порака до оние кои се во можност да им помогнат:

-Сакам да има подобар живот. Сакам да има куќа. Да знам дека никогаш нема да се мачи околу киријата. Не сакам да има живот како мојот-вели Севдие.

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ:

SEVDIJE SELJMANI

IBAN: MK07210501683163061

BANK NAME: NLB BANKA AD SKOPJE

SWIFT: TUTNMK22

Телефон: 072623193

Превземено од 21ТВ

Најпопуларно


To Top