Текстови и колумни

Бришејќи ги трагите од љубовта

couple standing on a broken bridge

Пролевајќи крв љубовна.
Минатото пак се раѓа
што еднаш постоело пак си доаѓа.
Убиец вратен на местото на злосторството.
.
Навикнувајќи го срцето на тишина…
Чистејќи ја пајажината на далечната љубов од вашето срце
Оделувајќи се како од водопад шумен
желен за нова судбина.
Бришејќи го сјајот во очите што некогаш никнал.
Криејќи го својот грев далеку,
љубовникот секогаш доаѓа да го варди твојот грев.

Навикнувајќи го срцето на тишина….
Менувајќи се, љубовта како паднат мирис почива без укор.
Срцето бедно трепери на ѕвездите волшебни.
Болката ми растреперува низ есенскиот ветер.
Мојата приказна испишана на месечината.
Нежен допир, музика раѓа, одново.

Навикнувајќи го срцето на тишина….
Убивајќи го оној кој сум го љубела.
Криејќи го својот грев
како змија нозете.
Учејќи пак да љубам
овде, сега, него.
Бришејќи понизно она што било и не било.
Барајќи прошка под небото.

Навикнувајќи го срцето на тишина…
Соочувајќи се со својот одраз во огледалото.
Учејќи нови заведи, правила.
Испишани ноти да запалам.
Навикнувајќи го срцето на тишина…
бришејќи ги љубовните траги крвави.

Прочитајте и...  Погледи

-Јелена Ѓиноска

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top