Македонија

Британски „Телеграф“: Александар Велики не бил Грк, туку Македонец!

Британскиот весник „Телеграф“ во патувачка репортажа од Македонија се осврнува и на прашањето за Александар Велики, при што авторот Пол Блумфилд пишува дека тој не бил Грк, туку Македонец!

Mijn foto’s en meer kun je ook bekijken op www.agrusoft.nl Don’t use my photo’s without permission. You can contact me at the above website’s contactform. I feature free photosoftware on a regular basis, so check regularly!

Набројувајќи ги вината во винаријата „Стоби“, каде што направил пауза за ручек, Блумфилд ја споменува „Кратошија“, за која т.н. локален гуру Горки Балојани му рекол дека „ја пиел и Александар Велики“.

„Ах, прашањето за Алекс. Во училиште веројатно сте учеле дека серискиот освојувач бил Грк – сепак, во 4 век п.н.е. не постоела Грција по себе. Не, Александар бил Македонец; прашањето е каде точно била ‘Македонија’. Денешните Грци инсистираат дека таа била на нивна територија, барајќи нивниот сосед да се откаже од името и да се реши долготрајното натегање со поранешната југословенска република – ситуација што повторно осамна на насловните страници овој месец со потпишувањето на прекуграничен договор, со кој оваа земја би можела да се преименува во Република Северна Македонија и да ги отстрани грчките приговори за нејзиното членство во ЕУ и во НАТО“, пишува тој во долгата репортажа насловена „Потценетата европска земја што сигурно ќе ви го подобри здравјето“ и објавена во денешниот број на „Телеграф“.

Прочитајте и...  Стево Симски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2019 година
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top