Македонија

Брука бенд со втор сингл и видео запис

Реге бендот Брука издаде видео запис за вториот сингл насловен „Кривина“. Од бендот најавуваат дека целиот албум насловен „До преѓе“ наскоро ќе биде достапен на дигиталните платформи. Пред неколку недели тие го најавија нивниот прв самостоен концерт каде ќе свират во полн состав: два вокали, гитара, бас, бубањ, перкусии, клавијатури, труба, алт сакс, тенор сакс, тромбон, ќе се свират песните од нивниот прв албум но и некои нови од престојниот втор кои се во процес на создавање. Концертот ќе се одржи на 28 мај во младинскиот културен центар – МКЦ, а билетите се во претпродажба.

Прочитајте и...  Акција за чистење на планината Голак

Најпопуларно


To Top