Кујна

Брз доручек кој сите го обожаваат: Плетенка со шунка и сирење

Потребни состојки:

500 гр брашно
350 мл млеко
15 гр свеж квасец
1 лажичка шеќер
50 мл зејтин
250 гр свежо сирење
100 мл кајмак
1 лажичка сол
2 јајца
шунка

Начин на подготовка:

Оставете го квасецот да надојде со 100 мл млако млеко и лажичка шеќер.

Во сад ставете 400 гр брашно, зејтин и готовиот квасец. Додадете го остатокот од млакото млеко и замесете меко тесто. Додавајте брашно додека не ја постигнете саканата мекост. Оставете го тестото на топло да надојде.

Секој дел од тестото формирајте го во топка, па развлечете го во кора со форма на правоаголник.

Помешајте го сирењето со кајмак и 2 матени белки. Во средината додадете половина од подготвеното сирење и наредете шунка.

Пократките рабови од кората префрлете ги преку филот за 2 см, а од двете страни исечете ленти со широчина од 2 см.

Потоа преклопувајте ги вкрстено лентите преку филот. Кога плетенката е завршена, наредете ја во намастена тепсија со масло.

Постапката повторете ја и со второто тесто. Одозгора премачкајте со разредена жолчка (со млеко или јогурт) оставете неколку минути и печете во загреана рерна на 180-200 степени додека да добие убава заруменета боја.

Прочитајте и...  Домашен леб за 15 минути: Подобар и од тој во пекара

Најпопуларно

To Top