
СОСТОЈКИ ЗА КОРА:
250 гр мелена плазма
125 гр стопен путер
сок од портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад се соединуваат мелената плазма и стопениот путер и се додава сок од портокал по потреба додека да се добие потребната смеса.
Се ставаат во калап за печење што се отвора (обем 28 cm) и се притискаат на дното додека се измазни смесата како кора. Се остава во фрижидер да се стврдне.

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
500 гр слатка павлака
250 гр кисела павлака
250 гр крем сирење
250 гр шеќер во прав
Овошје по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ја ставаме слатката павлака со 100 гр шеќер во прав и матиме додека не добиеме убав цврст шлаг.
Во друг сад ги ставаме крем сирењето и киселата павлака и матиме додека не се соединат. Додаваме 150 гр шеќер и повторно мешаме.
Двете смеси ги соединуваме со нежно мешање и по желба додаваме парчиња сецкано овошје. Ние додадовме сецкани малини. Вака подготвената смеса се тура во калапот и се остава да се стврдне 3-4 часа.

ОВОШНА ГЛАЗУРА:
Згора се премачкува со овошна глазура која може да биде купечка или да ја направите сами . 2 ќесички желатин ќе ги ставите во ѓезве, ќе ги растворите со 10 лажички вода. Во друг сад сварете овошје по желба со малку шеќер. Додадете го желатинот и измешајте. Оставете го чизкејкот во фрижидер да се стврдне неколку часа.

