Кујна

Брза и лесна пита од готови кори – повкусна не сте пробале

Превкусна пита која се прави многу брзо бидејќи е од готови кори. Идеална за доручек или ручек…

Потребни состојки:

500 гр готови кори (ние користевме Ана Стела Кичевски кори)

ФИЛ:
околу 400 гр праз
сол по потреба
бибер по потреба
ПРЕЛИВ:
250 мл зејтин
250 мл кисела вода
половина сув квасец
1 лажичка сол
брашно по потреба

Начин на подготовка:

Празот се дроби и се пржи на средна температура со малку сол, бибер и зејтин. Не се пржи многу, само да омекне.

Кога ќе се олади, се припрема намрсен плех. Се реди една кора и се мачка со преливот. На неа се става втора кора и таа исто се премачкува со преливот. На едниот крај се става од филот од праз и се витка во форма на ролат. Истата постапка повторете ја додека да се потрошат корите.

Останатиот прелив истурете го врз наредените кори во плехот и печете во загреана рерна на 200°C додека да зарумени. (околу 30 минути во зависност од рерната)

Е.А.

Прочитајте и...  7 моќни предности на киселата зелка

Најпопуларно

To Top
Close