Кујна

Брза и лесна рецепта за неодолив „банана леб“ за целото семејство!

Лебот со вкус на банана е совршен избор за вашиот десерт или пак појадок.

Потребни состојки:

3 банани
115 гр путер
60 гр шеќер или мед
2 јајца
190 гр брашно (може и интегрално)
1 лажичка сода бикарбона
1 ванилин шеќер
прстофат сол
мелени или сецкани ореви по желба

Начин на подготовка:

Во еден поголем сад со дрвена лажица измешајте го омекнатиот путер со шеќерот или медот.

Во друг сад со лажица изгмечете ги бананите во пире, па додадете ги во смесата со путерот. Додадете ги и јајцата и измешајте.

Потоа додадете го брашното со сода бикарбона, малку сол и ванилиниот шеќер. Измешајте.

Доколку ставате и орев, тогаш на крајот додадете го и него.

Калапот за леб можете да го обложите со хартија за печење или да го намрсите.

Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути во зависност од рерната.

Со чечкалица проверете дали лебот е печен.

Прочитајте и...  Рецепт за поховани пиперки

Добар апетит!

Најпопуларно

To Top