in

Брзи и лесни бомбици со урми – најздравата намирница на светот

Потребни состојки:

10 урми
2 лажици какао
1 лажичка мед
20г путер од кикиритки
2 лажици кафеав шеќер
4 лажици вода

мелени ореви по потреба
кокосово брашно

Начин на подготовка:

Сите состојки освен мелените ореви и кокосовото брашно ставете ги во блендер. Откако добро ќе се изблендираат ставете ги во длабок сад. Додавајте мелени ореви по потреба и мешајте со дрвена лажица. Кога ќе биде готова смесата обликувајте бомбици со рака. Топчињата валкајте ги во кокосовото брашно и оставете ги во фрижидер за да се стегнат убаво.

Добар апетит!

Прочитајте и...  Ротквица – супер храна која неоправдано ја занемарувате

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote