
Потребни состојки:
2 пакувања пудинг од чоколада
1 жолчка
2 супени лажици рум
2 супени лажици вода
50 гр шеќер во прав
50 гр путер или маргарин
кокос, мелени лешници, мелени ореви…
Начин на подготовка:
Со жица измешајте го шеќерот во прав со жолчката, румот и водата. Оваа смеса сварете ја на пареа, па кога ќе забележите дека останува трага во садот, значи дека е готово.
Веднаш, во врело додадете путер и пудинг во прав (значи не треба да го варите пудингот).
Добро промешајте со жица, ќе биде доста лепливо, но така треба. Оставете во фрижидер еден час или час и половина.
Потоа со рака многу лесно се обликуваат бомбиците. Можете да ги валкате во кокос, мелени лешници или нешто по ваш вкус.
Излегува 21 бомбица, вие ако сакате зголемете ја дозата.