МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Шоу бизнис

Бура од емоции: Стефан сними кавер-верзија на најубавата балада од Тоше Проески

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски ја обработи најубавата балада на Тоше Проески и сними видео за неа.

stefan velickovski

-Годините поминуваат, но спомените остануваат… Затоа во твоја чест, најголем меѓу најголемите Тоше Проески, ја испеав една од твоите најубави балади со надеж твојот лик и дело никогаш да не згаснат, напиша Стефан под видеото од кавер-верзијата.

Аудио обработката на песната „Још увек сањам да смо заједно“ ја направи Дарко Ристовски, а видеото е снимено во просториите на продукцијата „ДРД Медиа“.

Величковски годинава повторно учествува во „Ѕвездите на Гранд“ и негов ментор е рокерот Ѓорѓе Давид Николиќ. Минатата година негов ментор беше атрактивната пејачката Вики Миљковиќ која лавовски се бореше за него.

Stefan Velickovski – Jos uvek sanjam da smo zajedno (cover)

Godinite pominuvaat, no spomenite ostanuvaat…. Zatoa vo tvoja chest najgolem megju najgolemite Tose Proeski je ispeav edna od tvoite najubavi baladi so nadez tvojot lik i delo nikogas da ne zgasnat… Audio i video D.R.D_media

Gepostet von Stefan Velickovski am Mittwoch, 30. Oktober 2019

Kurir.mk

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Најпопуларно

To Top
Close