Македонија

„Бушава азбука“ сега ја има и во дигитална форма

azbuka 678x381

Гоце Митевски самостојно, без финансиска помош, и со многу труд го дигитализираше најомиленото македонско едукативно издание „Бушава азбука”.

https://gocemitevski.github.io/bushava-azbuka/

Оваа компјутерска презентација е изработена од страна на Митевски во чест на Горан Стефановски и Душан Петричиќ и нивниот огромен придонес за македонскиот јазик, како и во чест на целокупната екипа што ја изработила телевизиската серија „Бушава азбука”, особено на режисерот Слободан Унковски.

Screenshot 3

Изработката не е финансирана од никого и не е поврзана со авторите на печатеното издание или телевизиската серија „Бушава азбука”. Ова е самостоен труд на Гоце Митевски од образовен карактер, исклучиво наменет за лично користење, а со единствена цел — трајно зачувување на дел од македонското културно наследство. Изданието Гоце го посветува на Марко и Коста. Авторските права за реобјавената содржина остануваат на нејзините автори и се регулирани со Закон за авторското право и сродните права.

goce mitevski

Печатеното издание го добив како подарок од управата на градинката „11 Октомври” во Радишани, на 25 мај 1989 година и од тогаш го чувам во библиотеката. „Бушава азбука” ја дигитализирав самостојно. Најпрво започнав со пренос на печатеното издание во дигитален формат со скенирање, па потоа ја пренесов содржината во текстуален формат. Понатаму следеше подготовката на презентацијата за приказ на Интернет и некои дополнителни доработки за лесно преснимување на содржината како апликација за мобилни уреди. Изворниот код е достапен на: https://github.com/gocemitevski/bushava-azbuka … Јас пораснав со „Бушава азбука”. И додека бев дете и денес, сметам дека „Бушава азбука” е едно од најзначајните дела за македонскиот јазик и македонската култура воопшто. Сѐ уште сум фасциниран од талентот на Горан Стефановски и леснотијата со која успеал на најсликовит можен начин да ги опише формите на буквите од нашата азбука и да продре во детските срца. Се разбира, со помош на безвременските илустрации на Душан Петричиќ и маестралната екранизација на Слободан Унковски. Денес, читајќи го печатеното издание, сѐ уште на глас се радувам на стиховите како „За мене е чиста и вистинска среќа, ѓубре уредно спакувано во вреќа.” или „Два дни со кола се возам, три дни под колата се козам“, сподели Гоце.

Прочитајте и...  Бојан бара помош: Моите соништа застанаа тука
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top